Од светското

Жулиет Бинош го комплетира интригантниот љубовен триаголник што ги истакнува некомпатибилните емоции што коегзистираат во аферата.
Новиот филм на режисерката Клер Дени е заводлив љубовен триаголник, драма на умот и на срцето. Дени го напиша сценариото заедно со сценаристката Кристин Ангот.
Буквалниот превод од оригиналниот француски наслов е „Оган, или со љубов и бес“. Англискиот наслов доаѓа од насловот на песната на „Тиндерстикс“, „Both sides of the blade“, направена специјално за овој филм
Главните актери се веќе звучни имиња од француската кинематографија.
Жулиет Бинош е Сара, водителка на едно високо ток-шоу во Париз, која 10 години живее со Жан, кој го игра Винсент Линдон, поранешна спортска ѕвезда. А третиот агол од триаголникот е Франсоа (Грегоар Колин), поранешен љубовник на Сара, кого пред една деценија го оставила поради Жан.
Филмот интересно покажува дека кога некој има афера, тој е способен за најдлабоко емотивно двојно размислување. Односно дали оваа личност може да биде среќна во бракот, а сепак страсно занесена со другата личност.
Клер Дени на годинешниот 72. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, кој се одржа пред десетина дена, ја освои „сребрената мечка“ за режија. Филмот беше номиниран и во категоријата за најдобар филм. Дени често се наведува како најзначајната француска режисерка на својата генерација и водечка хроничарка на постколонијална Франција. Таа не бега од тешки теми како канибализам, убиства и расни проблематики.