Амбасадата на Италија синоќа во киното „Милениум“ го отвори 18-от Фестивал посветен на италијанскиот филм, организиран од италијанската амбасада во Скопје. Првата проекција беше на филмот „Кал ми бај јор нејм“ од 2017 година во режија на Лука Гвадањино, добитник на „оскар“ за најдобро адаптирано сценарио (Џејмс Ајвори) и со три номинации за најдобар филм, за најдобар главен актер (Тимоте Шаламе) и најдобра песна („Mystery of Love“).

Другиот дел од фестивалот ќе се одржува до 23 мај во Кинотеката на Македонија, а проекциите се од 20 часот. Оваа година заедничката тема на филмовите што ќе се прикажат е инспирирана од темата на работата: почнувајќи од борбата за опстанок на тие што се обидуваат да најдат работа, до самоостварувањето на тие што ја прифаќаат како центар на сопственото постоење.
Влезот за сите проекции е бесплатен.