Фото: МНТ

„Нема да биде крај на светот“ е прогласена за најдобра претстава во целина на фестивалот „БиХ драма Зеница“.

Копродукцискиот проект помеѓу МНТ, Перипетија продукција и Сараевски ратни театар САРТР, „Нема да биде крај на светот“ е добитник на наградата од новинарското жири за најдобра претстава во целина на фестивалот „БиХ драма Зеница“.

– Оваа драма и оваа претстава се занимаваат токму со тоа – рушењето на интимните светови. Сите три лика од оваа драма под кожа ја носат пропаста на сопствениот свет. Односно, светот каков што го замислувале за себе, за кој се бореле, кој го граделе или за кој мислеле дека ги чека, а тие требало само да да му излезат во пресрет… Собрани под покривот на куќата во која се случил распадот на нивниот заеднички, семеен свет, тие своите индивидуални кршења си ги откриваат едни на други – вели авторот Аднан Лугониќ.

Следната изведба е закажана на 22 јуни во 20:30 часот на сцената во МНТ, а во рамките на Скопско лето.

Билетите се достапни онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk како и на билетарницата во МНТ секој работен ден од 14 часот.