Објавена е новата книга на Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, „Уништување“, во издание на „Арс либрис“. Романот е дел од едицијата „Во еден здив“. Станува збор за трета книга на Моџо Килингтон, по стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и романот „Денот кога не се разбудив“ (2020), двата во издание на „Арс ламина“.
Главниот протагонист во „Уништување“ е 42-годишниот доктор Јан Рајсберг, сопруг на Марија, татко на Лотар и на Ана, кој еден ден дава отказ. Се гледа во огледалото во тоалетот на еден бар и се прашува: „Кој сум јас?“ Тагата повеќе сликала на неговото лице, а се чини дека среќата не ја ни допрела четката…
Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи.