Во Галеријата на МКЦ утре со почеток од 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Ивана Мојсовска насловена Meet water.

Истражувајќи ги природните феномени како основни елементи во уметничкото создавање, Мојсовска во овие дела ја користи водата како главен и единствен медиум на нејзината сликарска палета.

Ивана Мојсовска дипломира во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ – Скопје. Има учествувано на неколку групни изложби во Македонија и Црна Гора, а во 2017 година беше добитник на наградата „Четири мајстори на модернизмот“. Мојсовска со проектот Meet Water ги завршува своите магистерски студии.