Во 2021 година, австрискиот музеј „Белведере“, како и претходната година, забележа пад на посетители од 80 отсто во споредба со периодот пред пандемијата. Во текот на 2022 година, музејот ќе претстави 22 изложби.
„Долниот Белведере“ ќе ја прикаже поставката „Дали – Фројд“, опсесија што ќе се занимава со влијанието на психоаналитичарот Сигмунд Фројд врз делото на Салвадор Дали. По повеќе од една деценија, една изложба во Виена повторно ќе биде посветена на најважниот претставник на надреализмот, за првпат во однос на Виена и основоположникот на психоанализата. Изложбата ќе биде отворена на 28 јануари 2022 година.
Од 17 февруари, посетителите ќе имаат можност да ја погледнат изложбата „Вива Венеција! Пронајдокот од Венеција во 19 век“, додека изложбата „Растење: дрвото на уметноста“ од септември ќе се занимава со митски, симболички, еколошки, филозофски и природно-уметнички аспекти на односот меѓу човекот и дрвото.
Од 24 февруари, во „Горниот Белведере“, серија од осум модели на дела на британскиот уметник Марк Квин, „Емоционална детоксикација“, ќе се соочи со познатите „карактерни глави“ на германскиот скулптор Франц Ксавер Месершмит, кои на Квин му послужиле како инспирација. Напролет ќе бидат отворени изложби на дела на австрискиот сликар Георг Ајслер, германската уметница Лена Хенке и американската скулпторка Ронa Пондик.
„Белведере 21“ ќе претстави изложба за културниот феномен на времето, со современи фотографии и филмови од колекцијата на музејот од 24 март 2022 година. Делата на словачката уметница Станислава Ковалчикова со енигматично и фигуративно сликарство ќе бидат изложени од 16 септември.
Се надеваме на значително закрепнување во 2022 година. Меѓутоа, реално е да се очекува дека бројот на посетители пред кризата ќе биде достигнат најрано во 2023 година, а најверојатно дури и во 2024 година – изјави комерцијалниот директор на музејот Волфганг Бергман.