Под наслов „Реинкарнација“ вечерва во 19.30 часот во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложба на фотографии од Бојан Петковски од Скопје.

Оваа необична изложба на фотографии е дело на младиот уметник и етнокореолог Бојан петковски кој успеал со својот фотоапарат да забележи автентични ситуации на носење на традиционални носии од различни етнички предели.

Во рамките на вечерашниот настан ќе биде прикажан краткиот документарен филм „Не плети лесо“ во кој се прикажува традиционален обред на заплетување коси од етничкиот предел Дурачка река.

Проектот е симбиоза на научно-истражувачка и собирачка дејност, како и уметнички концепт за презентација на старуте македонски обреди. Ми.М.