Од светското кино

Филмот „Хепенинг“ е моќна француска драма на темата за абортусот што се случува во 1963 година, но се чувствува како премногу актуелна. Адаптација на истоимениот роман на Ени Ерно, се навраќа на искуствата на абортусот кога бил нелегален во Франција во 1960-тите. Нежно подготвен и спакуван, вториот филм на француската писателка и режисерка Одри Диван ја најавува како голем талент.
Ова е приказна за Ана, млада жена што решава да абортира за да ги заврши студиите и да ги избегне социјалните ограничувања на семејството од работничка класа од кое потекнува. Отсликана е Франција во 1963 година како општество што ги осудува желбите на жените и сексот воопшто. Оваа едноставна, но сурова приказна ја следи маршрутата на една жена што одлучува да оди против законот. Ана има само малку време пред неа. Нејзините испити се веднаш зад аголот, а нејзиното бебе брзо расте. Филмското дејствие добива облик на трилер, при што опциите на Ана се исклучуваат една по една. Штом нејзиниот стомак ќе почне да се покажува, нејзиниот амбициозен живот полека завршува.
Филмот „Хепенинг“ не е најавен како екстравагантен производ на едно време. Младите жени на кои е фокусиран зборуваат на начин што звучи повеќе или помалку современо, иако нивните облеки се малку застарени.

Одри Диван била посветена на тоа да направи емотивен и интелигентен уметнички филм што искрено ќе се занимава со темата на абортусот. Со тоа се вклучува во друштвото на режисери што ја работеле оваа тема: Кристијан Мунгиу со „Четири месеци, три недели и два дена“, „Никогаш ретко понекогаш секогаш“ на Елиза Хитман и неодамнешниот „Лингви“ на Махамет Салех-Харун.
„Хепенинг“ е снимен и изведен нежно, а на крајот се врти кон царството на телесниот хорор заснован на целосно реализам. Дури и кога Ана ќе се обиде да воспостави физичка контрола врз ембрионот што расте во неа, нејзиното тело реагира на начини на кои не може да ги предвиди или управува. „Хепенинг“ донесува студена пролетна светлина и пастелни тонови и претставува убав, но суров потсетник на надворешниот свет без фокус на очајот на хероина.
Сценариото на филмот е на Марисија Романо и Одри Диван. Дијалозите се одвиваат на француски јазик. Филмот има освоено пет награди на филмските фестивали и 16 номинации.