Во Центарот за култура во Крива Паланка, на 25 март ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметникот Стефан Младеновски. Изложбата носи наслов „Графика и цртеж“.
Стефан Младеновски е роден во 1996 година во Крива Паланка. Средно образование завршува во „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел графика. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во 2020 година, оддел графика со насока конзервација и реставрација, во класата на Зоран Јакимовски. Апсолвент е на постдипломски студии на истиот факултет под менторство на Мирко Вујисиќ, Катедра по графика. Член е на ДЛУМ од 2020 г. Досега реализирал повеќе самостојни изложби, а бил дел и од многу групни изложби.