Традиционално и оваа година свечено се доделија европските награди на литература, при што специјалното признание европско културно наследство за 2018 година ѝ беше доделено на писателката Лидија Димковска, за нејзиниот расказ „Кога заминав од Карл Либкнехт“.

Наградата од гласачката публика на Интернет ѝ беше доделена на Јелена Леоголд (Србија), наградата од страна на пратениците во Европскиот парламент ја добија Жан Бак и Гаст Гробер (Луксембург), додека, пак, наградата на професионалното жири Јоана Парвулеску (Романија).

Жирито за оваа престижна наградата го сочинуваа автори, издавачи и критичари од Португалија, Шпанија, Велика Британија, Белгија, Германија, а свеченоста се одржа на 6 ноември во Виена, по повод 10 години од востановувањето на престижната европска награда за литература. Воведен збор одржа германскиот писател Даниел Келман, а наградите ги врачија министерот и комесарот за култура на ЕУ.