Светот е сцена

Мермерен фрагмент што бил дел од фризот на Партенон е вратен во Атина од музејот на Сицилија, а властите се надеваат дека овој потег ќе влијае на одлуката на Британскиот музеј да ги врати античките скулптури од најпознатата античка знаменитост на Грција.
Атинскиот музеј Акропол неодамна го доби назад „фрагментот Фаган“, мермерен фрагмент со димензии 35 x 31 сантиметар, на кој се гледа стапалото на грчката божица Артемида во седечка положба, а археолошкиот музеј „Антонио Салинас“ го врати во Грција од Палермо, објави „Ројтерс“.
Одлично е што сицилиските и италијанските пријатели решија да го вратат овој фрагмент онаму од каде што потекнува – рече директорот на Акропол, Николаос Стамполидис, за фрагментот што некогаш бил дел од источниот фриз на храмот.