Еден од најголемите симфониски оркестри во историјата на музиката, Берлинската филхармонија, се враќа по осум децении во Загреб. Таа првпат настапила во денешното ХНК во Загреб во 1941 година, под раководство на Ханс Кнапертесбуш и Ловро Маташиќ, а последниот настап во Загреб го имала во 1943 година, под диригентската палка на Херман Абендрот.
Еден од воодушевувачките оркестри, Берлинската филхармонија, како што е најавено, ќе гостува во салата „Лисински“, на 19 февруари 2022 година, во годината на одбележување на 140-годишнината од постоењето на овој светски познат оркестар.
Берлинската филхармонија се стекнала со меѓународен углед уште во 1887 година, под раководство на диригентот, композитор и пијанист Ханс фон Булоу, како и гостите диригенти во тој период Ханс Рихтер, Ричард Штраус, Густав Малер. Некои од другите одлични диригенти што го воделе оркестарот низ својата долга историја се Херберт фон Карајан, со кого оркестарот свирел на Летниот фестивал во Дубровник во 1968 година, и диригенти великани како Клаудио Абадо и сер Симон Ратл.
Во 2015 година, Кирил Петренко беше избран за уметнички директор и е главен диригент на Берлинската филхармонија. Тој ќе го води оркестарот на оваа сензационална прослава во концертната сала „Ватрослав Лисински“.