Aудиција за новиот филм на Манчевски – „Врба“

945

Продукцијата „Сектор филм“ и режисерот Милчо Манчевски повикуваат студентки и студенти на наставните програми по актерска игра на аудиција за неговиот нов игран филм „Врба“.

– Доколку сте на возраст од 18 до 32 години и актерството ви е остварена или планирана професија, ве молиме да нѐ контактирате на: vrbacasting@gmail.com за да ви доставиме дополнителни информации за аудицијата. За актерките и актерите од другите возрасти ќе објавиме повик во текот на следниот месец – соопшти продукцијата.