Британскиот актер Џереми Ајронс ќе претседава со жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин следниот месец, соопштија денеска организаторите.

Ајронс ќе претседава со жирито на 70-то издание на фестивалот, познат како Берлинале, што ќе се одржи од 20 февруари до 1 март, но сè уште не е објавено кои се останатите членови на жирито.

Во соопштението на организаторите се вели дека Ајронс рекол дека е голема чест и задоволство да се претседава со жирито на Берлинскиот филмски фестивал.