Џез концерт насловен „ Jazz to voice “ ќе одржи вечер Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар под раководство на маестро Сашо Татарчевски.

Концертот ќе почне во 23 часот во Денсинг салата на МКЦ. Ќе се одржи во рамки на годинешното издание на Фестивалoт на европскиот филм „Синедејс “ , како дел од програмата „ Cinemusic“, а влезот е бесплатен.