„Toot quartet“ во кој членуваат македонските музичари Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас и Филип Шурбевски- тапани синоќа во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци одржа целовечерен концерт насловен како „Џез вечер на Клод Болинг“. На огромно задоволство на публиката беше изведена Тоот свитата на Клод Болинг за труба и џез пијано трио која е напишана специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре и која премиерно била изведена во 1980 година.

Тоот свитата е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките, каде трувачот свири на 5 различни труби а сино0ќа тоа мајсторски го направи Стојанче Косовски.

Клод Болинг е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено изведувач, дете – музички генијалец кој уште на 14 години професионално свири џез пијано и има
огромни заслуги за традиционалното заживување на џезот кон крајот на шеесетите години.

Напишал музика за 75 филмови, за 44 телевизиски серии, музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксафон кои се микс од популарна, џез и класична музика.

Стојанче Косовски од 2005 година е прв трубач на Македонската опера и балет каде работи и денесСоработува со Воениот оркестар, Македонската филхармонија, Градскиот гудачки оркестар на Скопје и Битола и камерната опера во Битола, настапувал со Младинскиот оркестар на јапонија во Виена. Учесник е на бројни семинари и натпревари и има реализирано бројни настапи како солист и дел од камерни состави низ цела Македонија и во Србија, Бугарија и Турција.

Емилија Кабранова Филипова е активна на музичката сцена како солист, камерен музичар и пијано придружник. Дел е од камерните состави „Ад либитум“ трио и „Тоот
квартет“. Настапува ширум Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија и Косово.
Контрабасистот Зоран Павловски работи во Македонската опера и балет, активен на
домашната и странската сцена повеќе од 25 години и е составен дел од многуџез, класични и етноворлд состави во земјата и странство. Свири на инструменти што ги изработува самостојно и многу светски контрабасисти свиран на инструменти изработени од него. Тој е прв контрабас во во еминентниот камерен оркестар „Скопски солисти“ и свири на уникатен петжичен пиколо контрабас.

Филип Шурбевски е прв тимпанист во Македонската опера и балет а соработува со македонската филхармонија и дувачкиот оркестар на град Скопје, со камерниот состав „Св. Софија“ и многу други. Филип Шурбевски го создава „Езгија трио“, специјализиран состав за чалгиска музика каде се редат бројни настапи во Македонија, Европа и Соединетите Американски Дражави. Од основањето е прв тимпанист во оркестарот за филмска музика Ф.А.М.Е.С – Скопје. Ми.М.