Од 22 до 24 јули во Битола ќе се одржи 14-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција” 2020.

Според организаторот на фестивалот, „Локум фест” е првиот културен фестивал во Битола кој ќе се реализира годинава, а кој ќе се одвива од 22-24 јули во Пациото на НУ Завод и Музеј Битола.

Фестивалот е дел од националната програма на Министерство за култура, а е поддржан и од Општината Битола.

Оваа година на фестивалот ќе настапат најдобрите етногрупи од земјата, со нивните нови музички промоции „Чалгија саунд систем“, „Балкава”, а затворањето на фестивалот ќе го означи групата „Љубојна”.

„Локум фест” првпат се оддржа во 2007 година, во старата битолска чаршија. Годинава за првпат, поради пандемијата, се оддржува надвор од чаршијата.

Во изминатите 13 години на „Локум фест” настапиле преку 68 групи од 20 земји во светот. М.М.