„Во име на сите на сцената, добре дојде назад. Долго време сонувавме за овој момент “, рече диригентот Еса-Пека Салонен пред публиката што немаше присуствувано на концерт точно 400 дена, на првиот концерт што го одржа Њујоршката филхармонија. Концертот се одржа во центарот за култура „Шед“ на Менхетн, оддалечен околу три километри од седиштето на филхармонијата во салата на реновираниот центар „Линколн“.
Бројот на музичари што настапија беше намален, а програмата траеше еден час, со три дела на музичарите Каролин Шо, Жан Сибелиус и Ричард Штраус. Во салата за 1.200 луѓе имаше 150 гледачи со маски.
Во големиот културен центар „Шед“, отворен во април 2019 година, имаше 150 гледачи со маски, кои седеа на оддалечени столови, за да се држат на дистанца.
Еса-Пека Салонен, 62-годишен музички директор на Симфонијата во Сан Франциско и главен диригент на Лондонската филхармонија, беше гостин диригент на оваа програма.
– Ако сакавме едно нешто ние музичарите во текот на овие 14 месеци и повеќе, тоа е дека ништо, апсолутно ништо, не може да ги замени чинот и ритуалот на изведбата во живо – рече тој пред публиката.
А како живееја музичарите за време на паузата?
За време на паузата на настапи, предизвикана од пандемијата, многу музичари одржуваа часови заработувајќи за живот. Музичарите на Њујоршката филхармонија земаа плати, иако им беа намалени, за разлика од нивните колеги, членовите на „Метрополитен опера“, чии приходи беа суспендирани на подолг период.