Оркестарот на Националната опера и балет ќе одржи концертна изведба на ремек-делото на Николај Римски Корсаков „Шехерезада“ на 5 март (петок) со почеток во 20 часот, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Оркестарот на еден поинаков начин ќе ја преточи оваа безвременска бајка, преку прекрасната музика која води во светот на ориентот.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.