Сто години од смртта на експресионистот

Пред точно сто години почина Амадео Модиљани (1884-1920), италијански сликар со еврејско потекло, роден во Ливон. Бил еден од најпознатите сликари на експресионизмот, а ова се шесте работи што треба да се најдат во секој учебник по сликарство.
Влијанието на Париз: роден е во Италија, но цртање учел во Париз во академијата „Колароси“. Тука се запознал со делата на Тулуз Лотрек и на Сезан.
Славни пријатели: поради слабото здравје (во детството боледувал од тифус и туберколоза) не го примиле во војска за време на Првата светска војна. Во тоа време сликал портрети на своите пријатели, меѓу кои бил и Пабло Пикасо. Правел и скулптури.

Експресионизам: околу 1916 година почнал да слика во експресионистички стил. Лицето и вратот се издолжени, линиите се фино извиткани, често не се гледаат зениците, усните се ситни.
Инспирација: љубовта што го обележила неговиот живот била младата сликарка Жан Ебитерн. Ја насликал повеќе од 25 пати.

Најпознати дела: најпознатите дела на Модиљани се инспирирани од Мадам Помпадур и од Жан Ебитерн. Неговиот лежечки акт (на лева страна) е продаден во 2018 година за над 140 милиони евра, за што „Сотби“ тогаш наведе дека е највисока сума што некогаш едно уметничко дело ја достигнало.
Трагичен крај: умрел во 1920 година од туберколоза. Имал само 35 години. Ден по неговиот погреб, неговата вечна инспирација Жан извршила самоубиство.