На Малата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес утревечер со почеток во 20 часот ќе гостува испитната претстава „Шекспиријада“ на студентите по актерска игра од Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕФТА“ од Скопје од класата на проф. Дејан Пројковски.

Претставата е колаж на монолози и дијалози од повеќе драми на Вилијам Шекспир како „Венецијанскиот трговец“, „Магбет“, „Хамлет“, „Ромео и Јулија“, „Ричард трети“, „Отело“ и „Крал Лир“.

Во претставата настапуваат студентите: Никола Јанев, Андреј Лалчевски, Кристијан Саздовски, Марија Кондовска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска, Марија Баркова, Матеј Стојковски, Харис Салковски, Никица Јанковски и Томе Станковски.

Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.