Пуштено е првото електронско издание на стихозбирката „Шах со Бах“ за деца и возрасни што ја сакаат (или сакаат да ја засакаат) музиката од авторот Владимир Мартиновски, со илустрации на Зоран Кардула. Книгата има симболична цена, а 50 отсто од средствата од продажбата ќе бидат донирани за арт и музикотерапија за деца со посебни потреби
Се работи за е-книга во пдф-формат, целосно илустрирано издание на 74 страници во боја. Печатеното издание ќе се појави во иднина.