„Градовите без нас (Тивки градови)“ е изложба на фотографии на Карел Цудлин, која е поставена онлајн. Ова е збирка од десет уметнички фотографии на Цудлин, во која е прикажан животот во чешката престолнина за време на пандемијата на ковид-19, која првично беше создадена за изложба во Чешкиот културен центар во Братислава.
– Градовите се одраз на нашето време. Во последните неколку недели, сепак, животот во градовите на скоро целата планета престана – вели авторот.
Цудлин е роден во 1960 година. Тој е чешки фотограф и педагог, легенда на чешката документарна фотографија. Стана познат во јавноста како еден од личните фотографи на претседателот Вацлав Хавел.