Неодамна на македонски јазик излегоа четири дела на култниот автор Милан Кундера. „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“. Како Чех кој, пак, според пасошот не е со таа националност, веќе со децении наназад живее во Франција. Чехословачка во 1978 година му го има одземено државјанството и на тој начин го има „протерано“ еден од своите најпознати писатели во егзил. Живее повлечено и никогаш не сонувал за враќање во татковината. Чесите долго време мораа да чекаат на неговото враќање, и тоа книжевно, па дури во деведесеттите години, неговите подоцнежни романи се преведени и на чешки јазик. „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“ се издадени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.