Приватен миг

Што имаат заедничко најпознатиот комичар и актер на немиот филм, Чарли Чаплин, и активистката и најпозната глува и слепа жена во историјата, Хелен Келер? Помалку е познато дека Келер, една од основачките на феминистичкото движење во почетокот на 20 век, му била менторка на Чарли Чаплин.
Хелен Келер (1880 – 1968) е американска активистка и писателка, која била глува и слепа и која и покрај тоа постигнала многу во својот живот. Родена е во Таскумбија, Алабама, а кога имала само 19 месеци, како резултат на треска, ја загубила способноста да гледа и да слуша. Сепак се запишува на Кембричкото училиште за млади дами пред да добие дозвола, во 1900 г., да го посетува Ретклифскиот колеџ. Во 1904 таму дипломира, станувајќи првото глуво и слепо лице што добило универзитетска диплома.
Борбата против сетилните хендикепи станува нејзина животна мисија. Во 1915 г. ја основа „Хелен Келер интернационалата“, непрофитна организација за спречување на слепилото. Во 1920 станува една од основачите на Американската унија за граѓански слободи. Вкупно има напишано 11 книги и голем број статии. Позната е по својот активизам, говори и пишани дела, како и по тоа што е првата глува и слепа личност што добила универзитетска диплома за општествени науки. За нејзините радикални политички ставови, сепак, не се зборува многу. Луѓето често ја занемаруваат радикалната страна на животот на Хелен Келер – затоа што не се вклопува во уредниот калап.
За Чарли Чаплин, пак, важи за икона на американската и светската кинематографија. Судејќи по реакциите на луѓето во киносалите насекаде низ светот, кога ги гледаат филмовите на Чарли Чаплин, смеата сè уште е основниот материјал од кој се вајаат спомениците и стотици години подоцна од настанокот на неговите целулоидни дела.