Македонската опера и балет вечерва ќе гостува во Центарот за култура во Гевгелија, со целовечерен гала оперски концерт, под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ.

На концертот ќе настапат првенците на операта Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Наде Талевска и Ана Ројдева, како и Зоран Сотиров, Ѓорѓи Цуцковски, Ристе Велков, Борис Трајанов со оркестарот на операта.

На програмата ќе се изведат популарни арии од оперите „Војводата на Чардаш“, „Кармен“, „Риголето“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Трубадур“, „Хофманови приказни“, „Травијата“.