Хиперреалистичкиот скулптор Тони Матели го претставува своето последно дело „Џош“. Делото, всушност, е галерија наречена „Сама галерија“ во Лонг Ајленд – првиот изложбен простор дизајниран да се доживее изолирано.
Имајќи предвид дека идејата за галеријата беше развиена како одговор на пандемијата на коронавирусот, ниту еден член на персоналот во галеријата нема да биде присутен, додека, пак, посетителот би бил во можност да ја посети изложбата со не повеќе од тројца луѓе со кои го дели карантинот.
Лебдејќи сам во центарот на празниот простор, вознемирувачки реалистичниот „Џош“ ја претвора галеријата во комора на размислување и самопреиспитување.
Хиперреалистичниот „Џош“ облечен во карго-шорцови, бела маска и сина карирана кошула лебди во трансцендентален простор. Делото на Матели се карактеризира со полутоворени очи и нефокусиран поглед.

Уметникот се обидува да ги натера посетителите да ја споредат неговата изолација со нивната. Можеби темата е конечно просветлена или застрашувачки недопрена на светот.
„Џош“ е опкружен со правливи огледала со нацртани смешковци, експликации и други детски цртежи на нивната површина. Прашината е всушност слоеви од пигментиран уретан – уште еден трик на Матели што го доведува гледачот да ја преиспита реалноста. Овие елементи заедно ја трансформираат галеријата во внатрешен простор за интроспекција.