Повеќе од 20 години, „Хуго Бос“ во соработка со музејот и фондација „Соломон Р. Гугенхајм“ им оддава чест на современите уметници чии дела имаат значаен придонес во развојот на современата визуелна уметност. Годинава за наградата „Хуго Бос“ во потесен избор беа номинирани шест уметници: Нери Баграмиан, Кевин Бизли, Диана Лосон, Елиас Симе, Сесилиа Висуњаи, Адриан Вилар Рохас. Жирито, во чиј состав се истакнати интернационални кустоси, критичари и директори, го прогласи годинашниот победник, а првпат тоа е еден фотограф. Наградата за 2020 година отиде во рацете на фотографката Диана Лосон.

Оваа награда првпат е доделена во 1996 година. Поминаа две децении, а наградата „Хуго Бос“ стана едно од најпрепознатливите признанија за современа уметност. Наградата и стипендијата во вредност 100.000 американски долари се доделуваат секоја втора година. Исто така, победниците имаат можност да ги изложат своите трудови на самостојна изложба во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк.

Извонредната шареноликост е она што ги издвојува победниците во изминатите години. Нема никакви рестрикции по прашањето на националноста, староста, полот или одбраната на уметничките форми. Така, наградата „Хуго Бос“ успева да ја запознае јавноста со широкиот спектар уметнички дисциплини.