Во рамките на 9. Филозофски Филмски Фестивал во делот на Едукативната програма и како втор „Фил(м)ософија за деца“ настан во нашата земја, специјална гостинка на Филозофското друштво на Македонија ќе биде Јоана Хокен (Johanna Hawken) од Франција.

На 3-ти мај (петок) д-р Хокен ќе одржи отворено предавање на Филозофскиот факултет во Скопје со почеток од 12.30 часот на тема: „Филозофијата за деца и истражувањето на светови“, а попладнето (16.30 часот, Француски институт) ќе одржи и Работилница за оние кои се заинтересирани за продлабочено истражување/практикување на оваа област, со наслов: „Фиктивни светови, реални светови: Филозофијата за деца преку филмот“.

Учеството на Работилницата е ограничено и се одвива преку пријавување, односно со пополнување на формата на следниот линк: https://bit.ly/2XkvOl7. Исто така, изутрината 9 часот (на затворен настан), во ОУ „Димитар Миладинов“, гостинката од Франција ќе одржи Филозофска работилница за деца: „Дали имагинацијата е моќна?“, односнo практична демонстрација на методите.

Програмата е организирана со поддршка на Агенцијата за филм, Град Скопје, Францускиот институт во Скопје и Филозофскиот факултет при УКИМ, а оваа година на наша огромна радост и со поддршка на единствената УНЕСКО катедра за филозофија за деца во светот – Chaire Unesco „Pratiques de la philosophie avec les enfants: une base éducative pour le dialogue interculturel et la transformation sociale и нејзината раководителка, проф. д-р Едвиж Ширутер (Edwige Chirouter).