Македонскиот режисер Милчо Манчевски ѝ отстапи дел од своите филмови на општината Крушево да ги емитува како дел од настаните организирани во рамките на годишната програма за култура.

– Испраќам срдечна благодарност до нашиот познат режисер Милчо Манчевски, кој ги отстапи филмовите за наше користење и истовремено овозможи преку нашите настани да ја промовираме македонската филмска продукција и самиот режисер – изјави градоначалникот по подигнувањето на филмовите од продукцијата „Банана филм“.

Ќе се прикажуваат филмовите: „Мајки“, „Пред дождот“, „Сенки“ и „Прашина“
Првиот филм ќе биде емитуван како дел од фестивалот „Вен ин Крушево“ за време на викендот, од 21 до 23 јуни, а другите филмови ќе бидат прикажани како дел од програмата на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, како и други настани во рамките на културната програма.