Третото издание на Грчкиот филмски фестивал, кој годинаа согласно се уште актуелните пандемиски услови, а заради целосна извесност при реализацијата ќе се одржи во телевизиски формат, со емитување на целата фестивалска содржина на националната телевизија „АЛФА“.

– Посебно сме горди на овој проект, кој е создаден и изграден од чиста верба во уметноста, во луѓето, во моќта на филмската уметност да го поттикнува и потхранува дијалогот помеѓу културите и народите и луѓето генерално. Ја подаруваме оваа можност пред се на македонската публика да ја запознае поблиску грчката филмска уметност, но и грчката култура воопшто, но во исто време се надеваме дека ова ќе биде поттик и за другата страна да овозможи на грчката јавност и публика подлабоко и подетално да ја запознае македонската кинематографија и култур – велат организаторите.

Програмата на фестивалот е составена од шест долгомертажни играни и документарни филмови.

= Како и да звучи, јас се чувствувам среќен што успеав да го иницирам и заедно со мојот тим да го реализираме овој фестивал и тоа по трет пат – вели креаторот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, кој е воедно и директор на веќе познатиот и етаблиран Меѓународен филмски фестивал КИНЕНОВА.

Програмата е исклучително репрезентативна и разнолика и вклучува филмови од повеќе различни генерации на грчки режисери, меѓу кои и прославените и веќе легендарни грчки режисери со светска слава: Динос Димопулос и Јоргос Лантимос.

Преку двата филма на режисерот Димопулос всушност ќе биде претставена и таканаречената златна ера во грчката кинематографија која се случува во 60-тите години на минатиот век.

Ексклузивно за првпат пред македонската јавност ќе биде прикажан и првиот филм на веќе светски прославениот грчки режисер Јоргос Лантимос, „Мојот најдобар пријател“. Во склоп на програмата ќе бидат прикажани и одлични филмови од најновата грчка филмска продукција меѓу кои и документарниот филм „Човек делфин“.

Фестивалот е организиран од Здружението АРТ СИНЕМА Скопје и Филмскиот фестивал КИНЕНОВА.