Годинашното издание на фестивалот на Монодрамата во Битола ќе се одржи од 22 до 27 јуни под мотото „Зад отворени врати“.

– Сонувавме за оваа година и за Фестивалот кој сакавме да се одржи. И успеавме, зошто сцената е место на кое луѓето колективно сонуваат. Овој фестивал ќе биде добар доказ дека театарот секогаш ќе го пронајде својот нов Модус Вивенди – истакна Маја Андоновска Илијевски, директор на Центарот за култура.

Рефлекторите ќе се вклучат на 22 јуни, на неколку сцени низ Битола, а Интернационалниот Фестивал на Монодрама, кој годинава ќе се одржи под покровителство на Општината Битола и Министерството за култура, ќе трае шест дена со своја официјална и „офф“ програма.

– Монодрамата, како форма, покажа дека времето на пандемија не може да ја замолчи. Сведоци бевме на крикот на актерите кои моноспектаклот го избраа да се изразат. И
да имаме навистина во време на пандемија и одлучна продукција. Така, со одлука на фестивалскиот совет, како селектор ја поддржав идејата сите оние актери од нашата
земја, кои во оваа година се појавија со свои проекти, а и од оние кои минатата година беа селектирани, да настапат. Ваква една специфична година заслужуваше поинаков третман, а ние како Фестивал ја покажавме својата големина. Во официјална конкуренција ќе се прикажат 10 монодрами, сите продуцирани во нашата држава, зошто патувањата за гости од странство се сѐ уште проблематични, а е и добра поддршка за домашната театарска продуција. Ќе имаме и еден танц перформанс во „офф“ програмата и премиера на класична театарска претстава во чест на наградените – изјави актерот Петар Мирчевски кој е селектор на фестивалот. М.М.