Претставата Тоби се враќа со награда за најдобра анимација на кукли, од десетото Бугојанско куклено биенале во Босна и Херцеговина. Жири комисијата на фестивалот ја додели наградата за одличната актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност.

Претставата премиерно беше изведена во април 2018 година, а по повод поставувањето режисерот Тодоровиќ изјави дека текстот е интересен за најмалите, но и за адолесцентите бидејќи тие се најнезадоволни кога доаѓаат во нивните „луди“ години, кога ништо не им се допаѓа на нивното тело. Марија Ѓорѓијовска го игра ликот на кучето Тоби и пораката, според неа, е да бидеш таков каков што си, онака како што те создала природата.