Утре во Битола свечено ќе биде отворено годинашното јубилејно 15-по ред
издание на фестивалот „Локум фест“. „Локум фест“ е фестивал кој започна да се одржува пред 15 години во Старата битолска чаршија.

Станува збор за фестивал кој ги негува традициите на конзулска Битола, кога со локум и кафе се пречекуваа комшиите, патниците, добронамерниците…

Всушност една од главните функции на фестивалот е преку различните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, фјужн, ворлд мјузик) да се покаже сиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола.

Во изминатите четиринаесет години на „Локум фест“ настапиле преку седумдесет групи и ансамбли од како од Македонија, така и од дваесетина земји од регионот, Европа и светот. На „Локум фест“ настапиле изведувачи од: Египет, Индија, Кина, Норевешка,
Данска , Шпанија, Јапонија, Шведска, Исланд, Унгарија, Полска, Германија, Хрватска,
Словенија, Србија, Албанија, Турција, Бугарија, Бразил, итн.

Покрај музичкиот дел Фестивалот во соработка со ЗУР Македонски ракотоворби веќе петнаесета година се оддржува „ Саем на ракотворби “ мотивирани од народната традиција, сегмент кој му дава колорит и дух на фестивалот.

Посебен акцент оваа година ќе биде ставен на соработката со Државниот архив – одделение Битола, благодарејќи на која посетителите ќе имаат единствена можност да го видат ЖГрамофонот на Манаки“ , кој ќе биде изложен заедно со автентични фотографии од боемскиот живот и чалгии од минатиот век.

Оваа година на самиот јубилеј, програмата е богата и ексклузивна и го навестува идниот курс на фестивалот.

Фестивалот започнува со настапот на Влатко Стефановски трио на Хераклеја (22.07), за да наредниот ден (23 јули) во Пациото на – НУ Завод и Музеј настапи единственото дуо Драган Даутовски со неговиот син Ратко Даутовски и промоција на албумот „Апокалиптикум“.

Третата вечер (24 јули) на фестивалот на Широк сокак и старата битолска чаршија, ќе настапат КУД Илинден, а ќе биде отворена и изложбата „40 години Мал битолски Монмартр“ за да продолжи на неколку локации со настап на чалгиски ансамбли и
дополнителни соддржини. М.М.