Изложбата „Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости“, која годинава ќе се одржи по 12-ти пат, ќе се отвори утре (8 октомври) со почеток во 18:30 часот во Музеј-галерија Кавадарци.
Акцентот и главниот принцип на изложбата е слободното творечко изразување, без ограничувања и без хиерархии. На изложбата досега имаат учествувано повеќе од 70 локални и регионални визуелни уметници.

Оваа година учествуваат: Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Лина Дамјан, Доротеј Нешовски, Дора Пејич – Бах, Ања Илиева, Ненад Тонкин, Стефанија Милевска, Никола Иваноски, Ристо Јосифовски – Ромбо, Томи Соколов, Илија Дојков, Соња Ставрова, Сашко Илов, Игор Јосифов, Петар Петков, Трајче Јованов, Ивана Спироска, Дарко Алексовски, Симона Манчева и Цветанка Темкова Илова.

Дел од гостите на изложбата се и средношколците Тодорка Пејовска, Ненад Стојанов, Михаела Стојанова и Миа Кабранова од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, кои се поранешни ученици на Ристо Јосифовски-Ромбо.

Овој настан се рализира како дел од проектот „Модели на јавно-цивилни партнерства: нов бран на културни политики и практики за ко-управување со заедничките добра“ финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.