Вечерва од 20.00 часот пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Концерт на унгарски танци, во рамки на меѓународната соработка на Центарот, а ќе настапат оркестарот Духај и фолклорната група Талентум.

Оркестарот Духај е составен од талентирани музичари и е дел од меѓународниот проект „Colorful Cooperation“, кој се финансира од ИПА програмата. Негува автентична фолк музика и учествувал на бројни концерти, фестивали и е дел од танцови продукции.

Концертот е веќе традиционален и е во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија Теледом, Амбасадата на Унгарија во земјава и Националниот Совет на Унгарците. Ка.М.