За годинашниот фестивал „Леј Марина Беј“ со седиште во Сингапур, спектакл што се фокусира на одржливоста, архитектите Чои и Шајн ги создадоа „Морските ежиња“, серија од 3 интерактивни инсталации. Кроше-скулптурите се прецизно рачно изработени и на присутните им нудат уникатно искуство.

Секое од 17 метри високите интерактивни дела, ја симболизира убавината и разновидноста на природата. Ноќе скулптурите се вештачки осветлени, а дење „Морските ежиња“ проектираат волшебни сенки, кои се менуваат зависно од сончевата светлина. Во рамките на темата на настанот, секоја од скулптурите е оставена слободно да се движи по допир од ветeрот или од посетителите.

Со оглед на нивните големи размери, создавањето на инсталациите не претставувало лесен подвиг, eкипа од 50 луѓе ги изработувала речиси 3 месеци. Иако тие беа изложени само три недели, за време на траењето на фестивалот, секоја од нив успеала да остави траен впечаток.