Почнувајќи од 18 март, во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, ќе се слави културата преку тридневниот настан „Три дена култура“. Настанот ќе започне во 20 часот и ќе се фокусира на делата на Марсел Дишан. На 18 март, настанот ќе започне со Средношколскиот филмски фестивал, додека, пак, следниот ден ќе биде одбележан со Физички театар. Последниот ден, 20 март, ќе биде во знакот на музиката. Ќе настапат бендовите „Бејсмент култ“, „Отомпотом“, „Ват д фанк“, „Супербед титџоб“, „Смог“ и „Модулација Амбуратора“, кои ќе гостуваат од Првата белградска гимназија. Во текот на истиот ден ќе се одржи и дигитална изложба, како и турнир во шах.