Вечерва, во 20 часот, ќе се одржи третиот концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“, на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонијата во различни камерни формации. На програмата се дела од Бетовен, Моцарт, Гајдош, Лотер, Глиер, Стравински, Хофмајстер и Менделсон.
Во рамките на концертот ќе настапат квартетот „Филхармонија“ (Ана Кондратенко – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Бојан Талевски – виола Марија Михајловска – виолончело), Квартетот со англиски рог (Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Ана Кондратенко – виолина, Бојан Талевски – виола, Марија Михајловска – виолончело), Квартетот контрабаси (Александар Поп Христов, Александра Чуруковска, Игор Миташев, Анастас Пујовски), дуото виола-виолончело (Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело), Дрвниот дувачки квинтет (Здравко Ангелов – кларинет, Владимир Лазаревски – обоа, Елена Дојчинова – флејта, Ванчо Стојановски – фагот, Горан Јанев – хорна) и Гудачки квартет (Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола, Маја Михајловска – виолончело).