Актерот и кандидат за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека денеска добил позитивен резултат на тестот на ковид-19 и дека следните 10 дена ќе биде во самоизолација.

„Почитувани граѓани, за жал, мора да ве известам дека на моето денешно тестирање на ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерки за заштита на моето и вашето здравје, сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долгоочекуваната и заслужена промена во Куманово“, напиша Михајловски на „Фејсбук“.