Театарот „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп вечерва од 20 часот, на сцената од ЦК „Марко Цепенков“ премиерно ќе ја прикаже претставата „Да не е галеб?“ во режија на Саша Нацевски, работена според „Галеб“ на А. П. Чехов, и „Глупа заебана птица“ на Арон
Поснер. Ова е прва претстава што се поставува на театарската сцена од почетокот на
пандемијата и паузата од шест месеци.

– Претставата е адаптација на големиот руски класик. Претставува „разговор“ со самиот Чехов, еден вид на писмо кон него, за тоа како неговиот „Галеб“ лета и во 21. век, поставувајќи прашања за љубовта, за животот, за театарот, а во исто време се „сере“ на сè што е под него, и нема никакви грижи за светот – вели режисерот.

Во претставата играат: Илија Волчески, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, младите прилепчани Наталија Ристеска и Дарко
Карбески, како и гостинката од Пробиштип, Стефанија Митовска. Музиката е на Томе Темелкоски, а звучниот дизајн е на Кире Најдоски. Ка.М.