Јазовичарот Тоби е главен лик во претставата (Фото: Театар за деца и младинци)

Театарот за деца и младинци со куклената претстава „Тоби“ гостува на „26 ревија на куклени театри“ во Хрватска, во организација на Градскиот театар за кукли во Риека.

Претставата „Тоби“ е по текст на Флоријан Зденек, а во режија на Драгослав Тодоровиќ. Куклите-животни во „Тоби“ се во нивната оригинална големина, а со нив работат актерите Марија Ѓорѓијовска, Катарина Илиевска-Силјановска, Винета Дамческа-Мојаноска, Ана Левајковиќ-Бошков и Мики Анчевски.

Екипата на Тетарот за деца и младинци во Риека

Креацијата на куклите, костимите и на сценографијата е на Ирина Сомборац од Белград, со помош на Кирил Василев и Љубица Велкова. Видео-анимацијата е на Емил Петро, а музиката на Виктор Апостолоски.

На фестивалот за кукларство во Подгорица, „Тоби“ освои пет награди и тоа, гран при за најдобра претстава, награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ, за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац и за најдобра претстава од детското жири на фестивалот.
Театарот за деца и младинци и „Тоби“ ја добија наградата за најдобра анимација на кукли, како и признанието за одлична актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност, во рамките на „Бугојнското куклено биенале“ во Бугојно, Босна и Херцеговина.