Цената на билетите за Театарот за деца и младинци се намалуваат од 200 на 150 денари.

Посетителите билетите со намалена цена ќе можат да ги купуваат во периодот од 15 мај до 10 јуни.

– Со цел уште поголема радост на децата, како и продолжување на уживањето на останатата публика, цената на билетите во Театарот за деца и младинци во периодот од 15 мај до 10 јуни се намалува од 200 на 150 денари, се вели во соопштението на Театарот.