Јазовичарот Тоби е главен лик во претставата (Фото: Театар за деца и младинци)
Вечерашната изведба на куклената претстава „Тоби“ ја посветуваме на Светскиот ден на театарот.  Денот на театарот. Нека ни е честит и вековит празникот, со желба за полни салони публика, велат од Тетатарот за деца и младинци.
Куклената претстава „Тоби“ е по текст на Флоријан Зденек, а во режија на Драгослав Тодоровиќ од Србија, е новата претстава на Театарот за деца и младинци, чија премиера е закажана за вечерва во 19 часот.

Куклите-животни во „Тоби“ се во нивната оригинална големина, а со нив работат актерите Марија Ѓорѓијовска, Катарина Илиевска-Силјановска, Винета Дамческа-Мојаноска, Ана Левајковиќ-Бошков и Мики Анчевски.