По иницијатива од директорот на националната установа „Танец“, Мартин Вучиќ, на 72-та владина седница беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение на новиот дом, на една од најстарите културни институции во државата. На овој проект раководството на „Танец“ работеше интензивно во изминатиот пандемиски период.

Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да предложи соодветно решение за проблемот со кој се соочува НУ ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“. Со тоа, конечно, по 7 децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата во Македонија ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност.

Ова е првпат некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развојот на овој голем амбасадор на македонското фолклорно богатство и на македонската култура воопшто.