Во Македонскиот народен театар, во рамките на јубилејното издание на „Танц-фест 2019“, вечерва во 20 часот ќе започне претставата „Таленти во движење“ од Ротердам, Холандија. Ќе бидат одиграни осум кратки кореографии на извонредни светски кореографски имиња, кои ќе ги изведат млади таленти, танчари од Кодартс универзитетот во Холандија, еден од најпрестижните универзитети за танц и музика во Европа. Станува збор за кореографиите „База“, „Едноставни маневри“, „Сентиментален валцер“ и др. Гостувањето е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија.