„Сфинга на гневот“ е петтиот роман од Жарко Кујунџиски во кој се преплетуваат историјата, митологијата, совремието, мистеријата и трилер елементите.

Лазар Отадески е уредник на издавачка куќа која е пред банкрот. Еден ден го посетува девојка која тврди дека е ѓаволот лично. Таа му носи стара и добросочувана книга со наслов на латински јазик во која се наоѓаат досега неоткриени стихови на Константин Миладинов.

Ден потоа, во Сплит, Хрватска, исчезнува писателот ексклузивец на неговата издавачка куќа. Младиот и надежен автор, Марко Ковачки. Со таинствената книга в раце, Лазар започнува сопствена потрага која го води низ историјата на градовите и која не е само потрага по исчезнатиот писател, туку и по самиот себеси.

Со оваа книга, Кујунџиски, отвора ново поглавје во сопственото творештво но ги предизвикува и каноните на македонската литература.