Македонските јутубери Марко Марковиќ и Стефан Рашковиќ познати како Џипи и Стефанатор денеска во Младинскиот културен центар во Скопје ја промовираа својата прва книга „Нашиот пат“, во издание на Просветно дело.

Стотици следбеници на младите јутубери останаа без книга поради брзата распродажба, но утешително беше тоа што имаа можност да се сликаат со „главните ликови“. Еуфоријата на промоцијата беше преголема.

Промоцијата на книгата започна во 12 часот, но младите автори и креатори на Јутјуб кажаа дека промоцијата ќе трае сè додека не ги потпишат сите книги и не се сликаат и со последниот нивен обожавател! 

Јутуберите поканата за напишаната книга до своите следбеници ја објавија на нивниот Јутјуб канал, каде може да се види нивната возбуда, ентузијазам и радост за своето новосоздадено дело.