Италијанците се одушевени од српската изложба „Богатството и царевите – раскошот на римска Србија“, отворена во палатата „Меизлик“ во градот Аквилеја во Италија. Претставени се 61 експонат од Србија, кои се осигурени на 50 милиони евра.
Директорот на фондацијата „Аквилеја“, Кристијано Тиуси, истакнува дека посетителите на поставката се фасцинирани од предметите од српските музеи и се изненадени кога ќе видат колкаво значење имала територијата на денешна Србија за Римското Царство.
Од 10 март, кога е отворена изложбата, ја виделе 10 илјади посетители. Поставката се затвора в недела.