На манифестацијата 22 „Денови на Браќата Миладиновци“, која денеска ќе се одржува во хрватскиот град Осиек, ќе биде одржана и средба со хрватско – македонската поетеса Љерка Тот Наумова во Студиската читална на тамошната Градска и универзитетска библиотека. Почетокот е во 16 часот, а средбата ќе ја води Јагода Тренеска Цветичанин.

Тот Наумова која објавува поезија на хрватски и македонски јазик е добитничка на наградите на Друштвото на писателите на Македонија: „Даница Ручигај“ и „Книжевен мост“ за книгите „Зародиш на повикување“ и „Невидлива врата“. На средбата ќе биде читана нејзина поезија на двата јазика, а најавено е и прикажување на делови од документарниот филм на Македонската телевизија за поетесата Даница Ручигај.

К.Б.